Женската сениорска репрезентација на Македонија вечерва, ќе го одигра својот последен натпревар од квалификациите за Евробаскетот кој во 2023 година ќе се игра во Израел и Словенија.
Вечерва во салата на СРЦ „Кале“ ни гостува една до најдобрите репрезентации на европскиот континент, Белгија.
За таа цел, Македонската кошаркарска федерација се одлучи да им овозможи на сите љубители на кошарката да го проследат овој натпревар и да ја поддржат нашата репрезентација со тоа што влезот ќе биде слободен.
Натпреварот во СРЦ „Кале“ започнува од 18.часот.