Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    Кошарка

    Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија

    sasoBy saso04/02/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија овој месец ќе ги затвори квалификациите за пласман на Евробаскетот кој во наредната година ќе се одржи во Израел и во Словенија.

    За дуелите кои следуваат, на 9. февруари, против БиХ на гостински терен, и три дена подоцна во Скопје против Белгија, селекторот Александар Ашаданов планираше 17. кошаркарки. Но, извесно е дека на првиот тренинг, предвиден за недела од 18 часот, во салата на СЦ „Кале“ во Скопје, ќе мора да ги менува плановите, кои ги прават повредите на неколку кошаркарки, кои беа дел од тимот во ноемврискиот квалификациски „прозорец“.

    Она што го радува Ашаданов секако е враќањето во екипата на капитенот Анџелика Митрашиновиќ, која ги надмина здравствените проблеми, но не може да побегне од проблемите

    „Подготовките, кои ќе бидат со краток временски рок, со оглед на тоа дека поголем дел од девојките кои играат во странство, имаа(т) клупски обврски, ги почнуваме в недела, кога е закажан и првиот тренинг, кој ќе биде за жал, во некомплетен состав. За жал, и овој пат нема да бидеме во комплетен и најсилен состав. Американката Мерит Хемпе, која игра во Турција, доби повреда на грбот и ќе биде надвор од теренот четири недели. Матеа Николиќ има истегнат лигамент, така што и таа нема да допатува на овие подготовки. Илина Селцова исто така има проблем со коленото, па ќе мора да оди на проверка да види за што точно станува збор. Списокот од 17 кошаркарки, конечно ќе биде скратен откако ќе видиме на кого ќе можеме да сметаме, со тоа што ако и Селцова не биде способна за игра, тогаш за БиХ ќе патуваат 14 кошаркарки“ – вели Ашаданов на ден пред почетокот на февруарскиот „прозорец“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Се повреди Пол Џорџ, сезоната за него е завршена?

    22/03/2023

    На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено

    21/03/2023

    МЗТ Скопје А. поразен и на гостувањето кај Мега Баскет

    12/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Дијаз ќе се врати во татковината
    • Холанѓанецот го пофали Рашфорд
    • Халанд е на испитување во Барселона
    • Муслиу доби дозвола да ја напушти селекцијата
    • КФСМ ја одреди казната за Смилковски
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.