Прес-службата на Кошаркарската федерација на Србија објави кога ќе биде донесена одлука во врска со евентуалното продолжување на договорот со актуелниот селектор на репрезентацијата Светислав Пешиќ.
„Договорот на Светислав Пешиќ со Српската кошаркарска федерација е со важност до 30 септември 2025 година. Раководството на Српската кошаркарска федерација ќе разговара со тренерот во наредните денови, ќе ги анализира резултатите од Европското првенство и ќе донесе одлука што ќе ги задоволи интересите на српската кошарка и нашата репрезентација.
Федерацијата го поддржува селекторот Пешиќ, кој ѝ ги донесе на нашата репрезентација последните две злата, ја предводеше Србија до медали на двата претходни турнири, го врати култот кон репрезентацијата и им ја врати надежта на навивачите“, се вели во соопштението за медиумите на Кошаркарската федерација на Србија.

