Кошаркарската федерација на Македонија вечерва во Скопје ќе ги додели наградите за најдобрите во изминатата 2021 година. Според неофицијалните информации наградите за најдобар кошаркар и најдобра кошаркарка ќе завршат во рацете на македонските репрезентативци и интернационалци Андреј Магдевски и Анџелика Митрашиновиќ.
Двајцата добиле најмногу гласови од кошаркарските работници, новинарите и фановите во изборот кој заврши минатата недела.

