Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Костадин Петров е нов играч на Вардар 1961
    Ракомет

    Костадин Петров е нов играч на Вардар 1961

    risteBy riste01/03/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипата на Вардар 1961 и официјално го потврди ангажманот на новиот играч Косадин Петров. Клубот го комплетираше ростерот за пролетната полусезона во која ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, СЕХА и Суперлигата на Македонија.

    По заминувањето на Стефан Атанасовски на позајмица во Катар, клубот по истиот рецепт по кој дојде Стефан Додиќ од Охрид, доведе ново име на пикерската позиција. Вардар го официјализира трансферот на Костадин Петров од редовите на Металург. Кружниот напаѓач пристигна на позајмица до крајот на сезоната, а е второ и последно засилување на клубот оваа зима.

    Вардар игра на три фронта, па поради тоа се реши за уште една аквизиција на линијата од шест метри. Петров ќе ја бара својата шанса за настап во конкуренција со капитенот Стојанче Стоилов, Жереми Тото и Патрик Валчак.

    Низ кариерата Петров настапуваше за повеќе македонски екипи како што се Металург и Пелистер, а ги бранеше боите на шпанска Гвадалахара и романска Суцеава.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Португалија пресилна за Македонија и по втор пат

    12/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Дијаз ќе се врати во татковината
    • Холанѓанецот го пофали Рашфорд
    • Халанд е на испитување во Барселона
    • Муслиу доби дозвола да ја напушти селекцијата
    • КФСМ ја одреди казната за Смилковски
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.