Македонската ракометна репрезентација утре ќе го одигра последниот натпревар од главната фаза на Светското првенство 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.
Противник на Македонија ќе биде Франција, селекција која е еден од фаворитите за освојување на златото на ова СП, а десното крило на нашата репрезентација Ненад Костески е задоволен од прикажаното на претходните натпревари.
„Во последниот натпревар играме против моќната Франција и знаеме со каков противник треба да се соочиме. Евидентно е дека имаме напредок во играта и досега имаме само еден пораз на првенството. Среќни сме поради тоа, напредуваме како репрезентација и се надевам дека ова ќе биде само многу добар почеток за сите нас и дека по ова првенство ќе одиме само нагоре и ќе имаме успеси”, истакна Костески.
Македонија и Франција својот последен натпревар во главната фаза го играат утре од 20:30 часот во „Арена Вараждин“.

