Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Костески: „Сакаме да ја израдуваме нацијата со добар пласман на ова Европско првенство“
    Ракомет

    Костески: „Сакаме да ја израдуваме нацијата со добар пласман на ова Европско првенство“

    risteBy riste14/01/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометниот репрезентативец на Македонија, Ненад Костески, зборуваше пред почетокот на ЕП, а го коментираше и последниот контролен меч кој го добија против екипата на Мидтјиланд со убедливи 36:27. 

    Костески смета дека тимот е максимално подготвен за најсериозните предизвици кои ги очекуваат. 

    „Ова беше последен контролен меч пред настапот на Европското првенство. Мислам дека одлично се подготвивме пред сите предизвици во групната фаза, а тоа го покажавме и на денешниот меч. 

    Пристапивме максимално сериозно и го одигравме натпреварот со полна пареа до самиот крај. Знаеме што треба да правиме и знаеме дека се среќаваме со сериозни ривали, не треба да трошиме зборови за нивниот квалитет. Данска е светска велесила, а Португалија на минатиот шампионат беше четврта. 

    Романија е во нагорна линија и никако не смееме да ја потцениме. Се надевам на добри резултати, сите сакаме да ја израдуваме нацијата со добар пласман на ова Европско првенство“, изјави Костески. 

    Македонија денес и утре ќе се подготвува за првиот натпревар на отворањто на Европскиот шампионат против домашната селекција на Данска. Овој натпревар ќе се одигра на 16 јануари, а почетокот е закажан за 20:30 часот во Хернинг.  

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.