Бекот на ЛА Клиперси, Крис Пол не ја исклучи опцијата да ја продолжи кариерата.
„Не знам дали следната сезона ќе ми биде последна. Мислам дека во текот на сезоната, во одреден момент ќе го решам тоа. Таа одлука ќе биде таква како што ќе се чувствувам. Но, најмногу од сè оваа сезона сакам да уживам во играта. Не го земам здраво за готово. Долго време сонував да се вратам кај моето семејство. Сега имам таква можност и сум многу благодарен за тоа“, рече плејмејкерот.
Четвртиот избор на НБА драфтот во 2005 година, Пол влегува во својата 21-ва сезона во лигата и неговиот втор престој во Клиперс. Тој е еден од најстарите активни НБА играчи , веднаш зад ѕвездата на ЛА Лејкерси, Леброн Џејмс, и слободниот агент П.Џ. Такер.

