Кристал Палас го ангажираше со позајмица бразилскиот голман Лукас Пери од Сао Паоло за период до крајот на сезоната.
21-годишниот голман може да започне како стартер на голот на својата нова екипа уште овој викенд на натпреварот со Тотенхем од ФА Купот на Англија, бидејќи Кристал Палас имаат само еден голман во моментов – 39-годишниот Џулијан Сперони, кој бранеше при поразот од 3:4 од Ливерпул минатиот викенд.
Двајцата голмани – Вејн Хенеси и Висенте Гуаита се повредени и наскоро ќе бидат во можност да се вратат на голот на Кристал Палас.