Корпулентниот бек на Вардар Даинис Кристопанс е прогласен за најкорисен играч на завршниот Ф4 турнир на СЕХА Газпром лигата кој денеска заврши во Мешков во Белорусија. Вардарци откако ја освоија петтата титула сосема разбирливо доминираа и во изборот за најдобрите.
Еве ги најдобрите кои примија награди од челниците на СЕХА: Голман: Дејан Милосављев (Вардар), Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар), Лев бек: Дамир Бичаниќ ППД Загреб, Среден бек: Сандро Обрановиќ (Мешков Брест),Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар), Десно крило: Златко Хорват (ППД Загреб), Кружен напаѓач: Стојанче Стоилов (Вардар) Дефанзивец: Павел Хорак (Мешков Брест). МВП: Даинис Кристопанс (Вардар).
Денеска беше потврдено дека новата сезона во СЕХА Газпром лигата ќе брои 12 екипи кои ќе бидат поделени во две групи. Првите четири од секоја група ќе одат во плеј-оф а победниците од тие средби ќе продолжат на завршниот Ф4.