Ракометарите на Вардарб денеска од 19.00 часот ќе гостуваат кај Кил во рамките на 11 коло во групата „Б“ во Лигата на шампионите. Пред мечот во Германија, летонскиот интернационалец, Даинис Кристопанс, открива дека „црвено-црните“ и понатаму се соочуваат со финансиски проблеми.
„Некои ракометари си заминаа а новиот тим не е толку успешен како што беше минатогодишниот. Вардар им должи на сите ракометари, на некои повеќе, на некои помалку. Долгот е огромен, проблемите се решаваат, но расчистувањето оди бавно“ – изјави Криштопанс за медиумите во неговата татковина.
Вардарци кои се актуелни бранители на европскиот трон, пред денечниот меч кај Кил се наоѓаат дури на 6-та позиција на табелата.

