Словенија го доби последното слободно место во АБА лигата за следната сезона. Вчера во финалето на Ф4 турнирот во 2. АБА лига, екипата на Крка го победи тимот на Приморска и успеа да обезбеди место во првото по ранг регионално натпреварување.
Крка се враќа во елитата по пауза од само една година и редовно учество од пет години во елитата на АБА лигата.