Поранешниот НБА играч, Џамал Крофорд, откри дека во текот на летово одбил три понуди за работа во НБА но, верува дека во иднина ќе продолжи со тренерска кариера.
„1000% сум сигурен дека еден ден ќе бидам тренер во НБА. Никогаш порано јавно не сум го кажал тоа. Едноставно го знам тоа“ – вели Крофорд.
„Ова лето добив три понуди – за позиција асистент, исто така стигнав далеку во процесот на селекција за позицијата главен тренер во еден од тимовите“ – сподели трикратниот добитник на наградата за најдобар шести играч.

