Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Крстевски: Мора да одиграме како на мечот во Гевгелија за да ја победиме Норвешка
    Кошарка

    Крстевски: Мора да одиграме како на мечот во Гевгелија за да ја победиме Норвешка

    sasoBy saso24/02/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската кошаркарска репрезентација синоќа го претпре првиот пораз во претквалификациите за Евробаскетот 2025. На гостувањето во словачка загубивме од домаќинот, па сега во последниот дуел со Норвешка ќе се бориме за потврда на пласманот во следната фаза.

    Бојан Крстевски одигра сосема добар натпревар во Левице, но неговите, и напорите на другите наши репрезентативци не се покажаа како доволни да се продолжи победничката серија.

    „Штета за поразот, имавме добри моменти на натпреварот во Левице. Пред се на почетокот на третата четвртина, кога имавме отворени ситуации за шут, меѓутоа не ги реализиравме. Од друга страна противникот имаше одличен шутерски ден, заокружен со реализација на 14 тројки, во висок процент на реализација“, вели стартерот во нашиот национален тим.

    И покрај првиот пораз во овој круг, Крстевски верува и се надева дека и покрај напорите кои со себе ги носи овој ритам на играње во квалификациите, и двете „врзани “ гостувања, за некоја вечер во Осло, можеме да ја повториме играта од Гевгелија.

    „Сите овие случувања во Левице го оставаме зад нас. Впрочем и немаме многу време за анализа, уште помалку за одмор. Имаме и долг пат пред нас до Осло. Би сакал да ја повториме доминантната игра против Норвешка од натпреварот во Гевгелија и да се радуваме на пласман во квалификациите. Мислам дека до заслужуваме тоа“, дополнува Крстевски пред тргувањето за Осло, каде во недела, од 18 часот го играме клучниот натпревар за пласман во квалификациите.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Се повреди Пол Џорџ, сезоната за него е завршена?

    22/03/2023

    На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено

    21/03/2023

    МЗТ Скопје А. поразен и на гостувањето кај Мега Баскет

    12/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Дијаз ќе се врати во татковината
    • Холанѓанецот го пофали Рашфорд
    • Халанд е на испитување во Барселона
    • Муслиу доби дозвола да ја напушти селекцијата
    • КФСМ ја одреди казната за Смилковски
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.