Голманот на Вардар, Артурс Кугис, за официјалниот веб-портал на летонската ракоемтна федерација потврдил дека ќе ги напушти „црвено-црните“. Тој со семејството е во нашава земја и чека да види дали сезоната ќе продолжи.
„Ги следиме препораките, седиме дома. Исто така нема информации и од клубот дали ќе има какви било промени, кратење на платите или нешто друго. Неколку играчи имаат добиено плата во март за првите два месеци од сезоната“ – вели Летонецот.
„Можам да кажам дека сум во подобра позиција. Благодарение на агентот, добив плата за пола сезона, што е релативно добро“ – изјавил меѓу другото голманот на Вардар.