Металург, Ѓорче Петров, Куманово и Чаир, денеска ќе го стартуваат завршниот Ф4 турнир во женска конкуренција во ракометниот Куп на Македонија.
Во салата – „Јасмин“ во Кавадарци, првата средба ќе биде од 14.00 часот меѓу бранителот на пехарот Куманово и екипата на Металург. Во второто полу-финале од 17.00 часот силите ќе ги одмерат Ѓорче Петров и Чаир.
Дуелот за трофејот е закажан за утре како предигра на машкото финале во кое ќе се сретнат Вардар и Еурофарм Пелистер.