Ракометарките на Куманово кои започнуваат од третата рунда во ЕХФ Купот, денеска го дозна противникот со кого ќе се борат за пласман во наредната фаза.
Тоа е Галичанка Лвов или еден од најдобрите украински клубови . Првиот меч кај Украинките ќе биде одигран на 14 или 15 ноември додека реванш средбата во нашава земја ќе се рализира седум денови подоцна.
Ќе потсетиме дека вториот наш претставник во ЕХФ купот, тимот на Чаир, беше елиминиран во првото коло од српскиот состав Наиса од Ниш.