Ракометарките на Куманово триумфираа во финалето од Купот на Македонија откако со 32:31 го совлада ЖРК Вардар на Ф4 турнирот во Охрид.
Во салата „Билјанини извори“ по првото полувреме ЖРК Куманово имаше позитива од „плус три“ (15:12), а Вардар во вториот дел не успеа да се врати за пресврт.
Ова е трета куп титула за Куманово во својата клупска историја, откако претходно го освои трофејот во 2019 и 2021 година.