Екипата на МЗТ Скопје останува „владетел“ во македонската кошаркара. Оваа екипа успеаја да слави во финалето од Купот на Македонија против МКК Куманово (96:70) и така го одбранија ланскиот трофеј, па дојдоа до четвртото одличје во низа.
Само на два клуба во Куп-историјата на Македонија и успеало тоа да дојдат до четири трофеи во низа, тоа се МЗТ Скопје и Работнички. Неизвесност на натпреварот имаше само на почетокот, а потоа МЗТ Скопје покажа дека има поквалитетеи ростер и го реши победникот на натпреварот.
Финалето се играше пред 3.500 гледачи во одлична атмосфера која не му помогна на домашниот тим да направи подвиг и да слави пред свооите навивачи.
Смит-Мекјуен беше најдобар кај МЗТ Скопје со 23 поени, а Гил имаше 17 поени, додека Танасковиќ заврши со 12 поени. Кај МКК Куманово, Митевски, Луковиќ и Ѓуроски постигнаа по 13 поени.
За МЗТ Скопје ова е рекорден 14. трофеј во Купот на Македонија. На „вечната листа“ зад аеродромци е Работнички со десет трофеи.

