По новиот убедлив пораз на ова СП, денеска од Холандија со 34:24, нашите ракометари не го криеја разочарувањето. Филип Кузмановски самокритично го прокоментира дуелот.
„Искрено не знам што е проблемот, но вака веќе не може. Норвешка е фаворит за медал, гледаме како Холандија сериозно напредува од година во година, а каде сме ние… Доста се задоволуваме само со пласман на големите натпреварувања, ми пречи да доаѓам и да губам по десет разлика на сите натпревари. Репрезентацијата е гордост за сите, мораме да играме така, да се бориме во секој момент за секоја топка“, изјави Филип Кузмановски.
За нас одлучувачки меч за втората фаза е оној последниот во групата против Аргентина во вторник.