Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Кузмановски ќе бара нов тим
    Ракомет

    Кузмановски ќе бара нов тим

    dinoBy dino04/09/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Нашиот ракометен бек, Филип Кузмановски, кој не е задоволен од состојбата во Металург а посебно од заостанатите долгови кон играчите, денеска во РФМ, поднесе барање за прекин на договорот со металурзите.

    Според објавеното во дел од нашите портали, Кузмановски кој не се предомислил ниту по средбата со првиот човек на екипата од Автокоманда,  Минчо Јорданов, сега ќе се насочи кон пронаоѓање на нов состав со кој ќе може да настапи и во Лигата на шампионите. Веднаш се појавија имињата на Вардар (како замена за повредениот Горбок) и на Загреб, кој го води неговиот поранешен тренер, Лино Червар.

    Новиот ангажман на Кузмановски треба да биде во период од само една сезона бидејќи од наредната година тој ќе треба да го облече дресот на германскиот состав Магдебург доколку двете страни го испочитуваат првичниот договор. Кузмановски не е дел од експедицијата на Металург која замина во Белорусија на мечот со Мешков Брест закажан во раамките на СЕХА лигата.

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Душебаев: противникот има екстра класа

    27/01/2023

    Селекторот на Данците ги потенцира голманите

    27/01/2023

    Варгас: горди сме на оствареното досега

    27/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.