Капитенот на нашата ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, изјави дека сите се заслужни за убедливата победа против Литванија и пласманот на континеталниот собир догодина.
„Реков и претходно дека екипава заслужува да игра на ЕП. Пред овие две средби кажав дека очекуваме две убедливи победи, можеби тоа звучеше потценувачки, но верував во екипата, тоа го покажавме во Талин и сега во Скопје. Горд сум на екипата, сите треба да бидеме среќни, го дадоа максмумумот“ – рече Кузмановски.
„Победата ја посветуваме и на тие што се повредени и не можеа да бидат со нас во завршните мечеви. Се надевам дека за европското ќе биде комплетни и ќе покажеме уште подобра игра“ – нагласи Кузмановски

