Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Кузмановски: „Сами сме виновни за високиот пораз, имаме уште две шанси“
    Ракомет

    Кузмановски: „Сами сме виновни за високиот пораз, имаме уште две шанси“

    risteBy riste14/01/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија со пораз го отвори настапот на СП, а еден од поискусните во нашите редови и играчот од кого очекуваме многу на ова првенство Филип Кузмановски по натпреварот ги кажа своите импресии од отворањето на Светското првенство. Средниот бек на нашата репрезентација кажа дека Македонија сама си е виновна за поразот затоа што големиот број на технички грешки и промашувањата дозволиле Норвешка да забележи висок триумф на оваа средба. 

    „Норвешка со технички грешки како во првиот дле не може да ја победиме. Со ништо не не изненадија, на се бевме спремни. Имаме доволно време, самите сме си бевме виновни. Загубивме со голема разлика, ќе се спремаме сега за следните два меча. Ние одиме напред, а Норвешка за мене е фаворит за злато. Играме сега со Холандија и Аргентина, мора да ја задржиме истата атмосфера и да продолжиме со ладни глави. Имаме уште две шанси за следна рунда и имаме што да покажеме. Ако кон некого сме строги, мора да бидеме кон нас, затоа што ние правиме технички грешки и имаме периоди со пад во играта во која противникот гради разлика и е тешко да се вратите во натпреварот“, изјави Кузмановски.

    Македонија својата шансаза победа која ќе ја однесе во главната фаза ќеја бара на следните два натпреваари со Холандија в недалана 15 јануари и со Аргентина на 17 јануари.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011

    29/01/2023

    Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023

    29/01/2023

    Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП

    29/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011
    • Ивановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Тунис
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.