Левото крило на ЖРК Вардар, Полина Кузнецова, следната сезона ќе игра повторно во Русија. Последните информации велат дека таа следната сезона ќе го облече дресот на Ростов Дон, тимот што е противник на „вардарки“ на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Кузнецова дојде во Вардар лани и игра одлична сезона, но крајот на проектот ја принуди да се врати во родната земја.
Во Ростов, Кузнецова ќе игра со нејзината сестра Ана Вјахирева. Левото крило потекнува од АКВА Волгоград, а настапуваше во Русија и за Краснодар.