Репрезентативецот на Франција, Ромен Лагард, се осврна на пласманот на „триколорите“ во четвртфиналето на Светското првенство.
„Целта беше да се остане непоразен и пред се да нема никакви повреди, тоа е готово, така што јас сум прилично среќен. Можеме да одиме во Загреб со голема самодоверба, наше е добро да одиграме во четвртфиналето“ – рече левиот бек.
Според новиот распоред што го направи ИХФ, „триколорите“ утре од 21.00 часот ќе играат против Египет во Арената во Загреб.

