Алпер Јилдиз, кој ја има улогата на генерален менеаџер во турскиот состав Анадолу Ефес, изјави, дека неговиот тим успеал да го задржи, Шејн Ларкин и со тоа да оствари една од главните цели во текот на летово.
Договорот на Американскиот кошаркар е 1 + 1 година со можност да биде прекинат доколку тој добие понуда да заигра во најсилната лига на светов – НБА. Црномурестиот играч во сезоната 2018/19 кога Ефес дојде до финалето во Евро-лигата, беше еден од главните играчи на теренот.
26-годишниот бек беше избран за „Најкорисен играч” во финалето во турскиот шампионат кога неговиот тим по цели десет години успеа да се израдува на победничкиот пехар.