Кошаркарскиот состав, Анадолу Ефес, може да се обиде да го ангажира на клупата Пабло Ласо откако преговорите со Јанис Сферопулос не се одвиваат според планираното.
Според медиумите во Турција, грчкиот тренер поставил услов да има промени во спортскиот дел но, засега нема најава дека тој ќе биде ангажиран.
Од друга страна, Пабло Ласо кој има бројни трофеи освоени со екипата на Реал Мадрид, може изненaдувачки да се пресели во турската кошарка.

