Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Чешка е поквалитетен противник од Романија, не очекува тежок двомеч“
    Ракомет

    Лазаров: „Чешка е поквалитетен противник од Романија, не очекува тежок двомеч“

    risteBy riste09/04/2022No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната репрезентација на Макеоднија тргнува во уште еден обид да дојде до настап на Светско првенство, овој пат Чешка ќе биде нашата последна пречка за настап на СП во Полска и Шведска. Репрезентацијата на  Чешка остави одличен впечаток на Европскиот шампионат, но во меѓувреме Сабате ја презеде и ја измени репрезентацијата.

    Предводникот на нашата репрезентација и капитен на тимот Кирил Лазаров има само пофалби за нашиот ривал во мундијалскиот бараж.

    „Дојдовме до тоа што го посакувавме, последен бараж пред пласман на Светското првенство. Чешка е сериозна репрезентација којашто имаше многу добро Европско првенство, можеби им недостасуваше малку спортска среќа да направат чудо и да ги елиминираат финалистите на првенството, Шведска и Шпанија. Се работи за тим кој одигра квалитетно и која можеби домаќинството во Словачка им донесе поддршка од публиката затоа што се соседи. Тоа е тим за респект, која лично, мене ме изненади како го изигра тоа првенство. Се работи за амбициозен тим кој во последните години правеше добри резултати, се сеќаваме во 2018 година на Европскиот шампионат и 2020 година имаше забележителен настап.

    Следи тежок предизвик, мора да ги искористиме овие 3-4 дена да се подготвиме. Ако треба да ја споредам Чешка со Романија, можам да кажам дека 15 до 20 отсто се работи за повоиграна репрезентација, иако не треба да се занемари квалитетот на Романците. Нема да не плаши тоа, имаме јасна идеја, можеби ќе ѝ ја препуштиме фаворитската улога, меѓутоа ние сакаме Светското првенство и спремни сме да го дадеме нашиот максимум да дојдеме таму. Мислам дека многу ќе ни значи уште еден настап на Светско првенство со оваа нова генерација. Спремни сме за предизвикот, доста анализиравме, иако ќе ни биде доста чудно затоа што немаме доволно материјал со новиот тренер. Материјалот од Србија и Чешка од пријателските не успеавме да го добиеме, меѓутоа ќе најдеме начин како да се подготвиме за тоа. Како многу пати што сум кажал досега, мора да се посветиме на нас самите. Одиме во една нагорна линија, се наоѓаме на добар пат и се надевам дека ќе останеме сите здрави, тоа ни е најважно, затоа што ни недостигаат тројца важни играчи – Мартин Велковски, Дејан Манасков и Цветан Кузманоски. Имаме и некои проблеми со Павле Атанасијевиќ, го повикав, дава позитивни знаци. Ќе се потрудам да ги одберам најдобрите шеснаесет за настапот со Чешка“, истакна Кирил Лазаров.

    Денес и утре нашите репрезентативци ќе тренираат во салата во Автокоманда, а в понеделник првпат ќе бидат комплетни по доаѓањето на интернационалците и заеднички ќе имаат тренинг во СЦ „Борис Трајковски“. Нашата репрезентација заминува со чартер лет за Злин во вторник попладне.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Вардар не го дава врвот, славеше убедливо против Еурофарм Пелистер

    26/03/2023

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.