Македонската ракометна репрезентација во Скопје ги прави и последните подготовки за одлучувачкиот меч со Чешка на патот до СП на стартот на следната година. Селекторот Лазаров, по ремито во Злин вели дека утре ги чека тежок меч.
„Ние сме задоволни како одигравме, иако можеше многу подобро резултатски. Меѓутоа, по две ноќи, можам слободно да кажам дека Чешка малку нè потцени, без да ги оспорам нашите играчи, напротив сакам да ги пофалам, затоа што дадовме еден екстра квалитетн натпревар, можеби еден од подобрите во изминативе неколку години. Затоа очекувам уште поквалитетна, уште поцврста Чешка и уште поподготвена тактички и стратегиски. Не ме плаши воопшто, меѓутоа треба да бидеме внимателни и сме внимателни засега“, изјави Лазаров.
Дуелот со Чешка се игра утре пред полна арена „Борис Трајковски“ со почеток од 19 часот.