Македонската ракометна репрезентација денеска ги почнува подготовките за последните два меча до пласман на ново Светско првенство.
Селекторот Лазаров денеска (18:30 часот) во хотелот „Александар Палас“ ќе ја има првата прозивка на повиканите играчи. На списокот на селекторот се најдоа 23 ракометари.
Првиот меч во Злин е на програмата на 13 април, додека реваншот се игра на 17. април во СЦ „Борис Трајковски“. Подобриот од овој бараж двомеч ќе биде дел од СП 2013 година.