Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Доколку е потребно ќе играм и среден бек“
    Ракомет

    Лазаров: „Доколку е потребно ќе играм и среден бек“

    risteBy riste24/12/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна репрезентација попладнево го имаше својот собир со што и официјално стартуваат подготовките за настап на СП во Герамнија и Данска. Капитенот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров, на првиот собир на ракометарите ги најави активностите и претстојниот настап на Мундијалот кој на стартот на 2019 година ќе биде во центарот на вниманието.

    Најискусниот ракометар вели дека се наоѓаме во една тешка група, во која ќе влеземе со доста подмладен состав. Вели дека треба да се остане скромен во најавите пред Светското првенство, но истовремено да се работи напорно, за да се мине првата рунда.

    „Се наоѓаме во една тешка група, каде имаме репрезентации кои што имаат големи и високи амбиции. Од типот на Хрватска , Исланд и Шпанија која да не заборавиме и е европски првак. Тука се и две непознаници за нас, ниеднаш не сме играле со нив. На почеток сме на нов циклус, една нова репрезентација, подмладена. Прерано е да се даваат заклучоци, дали оптимистички, дали неоптимистички. Треба прво да се собереме и да тренираме. Искуството мое вели дека ако сакаме да одработиме едно Светско првенство, на кое се промени форматот, мора добро да се подготвиме и физички и психички и технички и тактички. Немаме многу време за таа работа, затоа не смееме да се влуштаме со ветувања и оптимизам“, изјави Лазаров.

    Прв предизвик за нашите ракометари ќе биде Јапонија, на 11 јануари. Лазаров вели дека ќе се гледа од меч во меч, а тимот треба да го краси една позитивна енергија која ќе се гради за време на подготовките.

    „Одиме натпревар по натпревар, иако тоа звучи клише. Имаме квалитетен стручен штаб, веруваме во нив. Јас како капитен верувам и во тимот, ќе се обидам да пренесам една позитивна енергија кај младите, да ги окурожам и да им дадам поддршка. Секој може да има лош ден, но никогаш не треба да се предаваме. Ќе има и победи и порази, сите треба да влезат во тој систем на натпреварувања и да играат и со притисок и без притисок“, изјави капитенот на нашата репрезентација Кирил Лазаров.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.