Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров го објави списокот за двомечот со Португалија: Без Манасков и Георгиевски
    Ракомет

    Лазаров го објави списокот за двомечот со Португалија: Без Манасков и Георгиевски

    risteBy riste27/02/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, денеска го објави поширокиот список на играчи за квалификациските натпревари против Португалија во циклусот за ЕП 2024 кои се играат во месец март.

    Сениорите во рамки на ЕХФ неделата ќе одиграат квалификациски натпревари против селекцијата на Португалија. Првиот натпревар ќе го оддиграат на домашен терен на 9 март со почеток во 19:00 часот, а потоа на 12 март гостуваат во Португалија, натпреварот ќе се одигра во градот Порто со почеток во 18:30 часот.

    Интересно е тоа што меѓу повиканите ракометари од последниот список на Светското првенство ги нема долгогодишните репрезентативни крила кои во моментов се дел од РК Вардар, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.

    Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во период од 10 – 28 јануари 2024 година во Германија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Португалија пресилна за Македонија и по втор пат

    12/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин Ивановски со победа почна на турнирот во Тулуз
    • На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.