Македонската ракометна репрезентација вечерва е домаќин на Романија во првата средба од првиот бараж за пласман на Светското првенство.
„Црвено-жолтите“ ќе се обидат да го искористат домашниот терен и да остварат резултат кој на реваншот во Букурешт ќе може да не однесе на чекор до Мундијалот.
Кирил Лазаров веќе ги одбра момците на кои ќе смета за битката во СЦ „Борис Трајковски“ на која нема да ги гледаме Мартин Серафимов, Ненад Костески, Марко Стојковиќ, Марко Кизиќ и Игор Ѓорѓиев, кои отпаднаа од списокот за денешниот меч.
Свое официјално деби за националниот тим може да има левиот бек, Павле Атанасијевиќ од вториот тим на Е. Пелистер.