Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните натпревари против репрезентациите на Луксембург и Турција во рамки на квалификациите за ЕП 2024.
На списокот се најдоа 21 ракометар.

Во рамки на ЕХФ Неделата сениорите играат прво во Луксембург на 26 април во 20:15 часот, а на 30 април во СЦ “Борис Трајковски” со почеток во 18:00 часот ќе го оддиграат и последниот натпревар во квалификацискиот циклус против репрезентацијата на Турција.