Ракометната репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра првиот контролен меч во рамките на подготовките за Европското првенство. Нашите ракометари ќе се сретнат со селекцијата на Кувајт во меч кој ќе биде можност за проверка на силите во првиот дел од подготовките започнати минатата недела.
Натпреварот против Кувајт ќе биде одигран во Маврово, а почетокот на средбата е од 18 часот. Покрај овој денешен дуел, в среда двете селекции ќе одиграат и втор пријателски дуел.

