Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Имаме свој идентитет, верувам дека Македонија може да стане Норвешка“
    Ракомет

    Лазаров: „Имаме свој идентитет, верувам дека Македонија може да стане Норвешка“

    risteBy riste10/01/2023No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна репрезентација и овој јануари, ќе биде во центарот на вниманието на нашата спортска јавност во Македонија. Нашите најдобри ракометари ќе бидат учесници на СП во Полска и Шведска кое се игра од 11 до 29 јануари.

    Македонија првиот меч го игра на 13 јануари против Норвешка. Пред заминување на нашата експедиција во Краков, денеска на прес-конференција свое видување даде селекторот Кире Лазаров.

    „На почеток сме на уште едно големо натпреварување, тоа е СП во Полска и Шведска. Зад нас се тие четири контролни средби на кои ја темпиравме формата за тоа што не очекува. Сакам да нагласам дека многу труд вложивме за да дојдеме до ова СП, со оглед на тоа дека во меѓувреме направивме смена на генерациите и со обединети сили стигнавме до Мундијалот, На момците треба да им се даде поддршка, ова беше напорна година за нив, бидејќи минавме два баражи со Романија и Чешка. И дадовме шанса на оваа генерација да продолжи по стапките на нас повозрасните. За сетоа тоа што беше сработено им се заблагодарувам на момците, но треба да им се даде и охрабрување за тоа што ги чека на СП, секако треба да се пофалат и за досегашните резултати“ посочи селекторот.

    Селекторот Лазаров потенцираше дека клучна работа е создавањето на препозатлив стил на игра, многу побрз од било кога претходно кога станува за репрезентацијата на Македонија:

    “Она што е најважно,Ние имаме свој идентитет во играта, што е тешко ако се знае деканиз годините наназад секогаш игравме многу бавно и тоа беше наш заштитетн знак. Сега не знам дали ќе биде доволно тоа за да се победува или да се губи, но убеден сум дека сме на вистинскиот пат. Во првото коло се среќаваме со Норвешка, јас од срце верувам дека за неколку години и ние ќе станеме Норвешка, селекција која игра скандинавски ракомет, со препознатлив стил на игра“ истакна Лазаров.

    На крај вели дека е загрижен за здравствената состојба на Никола Митревски и Филип Талески.

    „Малку ме загрижува здравствената состојба на Никола Митревски и Филип Талески, тие го одработија првиот тренинг, се во добра состојба, ама ќе бидеме претпазливи. Двајцата не се на 100%, меѓутоа се надевам дека како ќе поминува времето, ќе бидеме комплетни. Не очекува еден турнирски систем, со многу натпревари во краток рок. Мора да бидеме претпазливи како ќе ги издозираме сите играчи. Не смее да бидеме еуфорични кога ќе победиме, не смееме да тагуваме кога ќе загубиме. Имаме една нова Македонија“, заврши селекторот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Душебаев: противникот има екстра класа

    27/01/2023

    Селекторот на Данците ги потенцира голманите

    27/01/2023

    Варгас: горди сме на оствареното досега

    27/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.