Денеска во Скопје, новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, го направи првиот собир со ракометарите повикани за двомечот со Данска. За новото исуство, Лазаров пред новинарите вели:
„За мене како селектор на Македонија ова е деби. Двократниот светски првак и олимписки првак, селекцијата на Данска е наш ривал. Некомплетни сме, но очекувам во понеделник да се комплетира репрезнетацијата. Во контакт сум со играчите, некои се уште имаат обврски кон клубовите. Во понеделник 90% се комплетираме, само Жарко Пешевски доаѓа вечер и во вторник треба да бидеме сите тука. Имаме доста време да се подготвиме, затоа што и мечот е преместен за во четврток“, вели Лазаров.
За тоа каква игра ќе преферира Македонија под негово водство додава:
„Посакувам модерна Македонија. Македонската публика не можеш да ја излажеш, ова е ракометна нација. Ги знаеме недостатоците на нашата репрезентација од минатото. Во време сме кога имаме некоја промена на генерации, но мора да работиме постепено. Во меѓувреме мора да мислиме и на резултати и да продолжиме со континуитет на големите натпреварувања. Времето е тука, го имаме“, дополни Лазаров.