Селекторот Лазаров на денешниот прв собир со ракометарите, изнесе и дел од своите очекувања за СП.
„Ова е почеток на подготовките. Имавме тешка задача да се пласираме на ова СП. За првпат имавме два баражи против екстра квалитетни репрезентации, но ние успеавме во нашата цел. Успеавме во еден процес каде имаме комплетна промена на репрезентацијата и навостина сум горд што успеавме да го задржиме континуитетот на настапи на СП. Сега е нов предизвик. Имаме многу подмладена репрезентација. Имаме талентиран тим, малку неисусен за вакво натпреварување, но имаме време за подготовки. Ќе бидеме комплети, само Митревски доаѓа на 23 декември и Филип Кузмановски кој ќе дојде подоцна на 28 декемри поради обврски во Бунделсигата. Имаме многу тешка група. Ќе тргнеме скромно, да остеме здрави сите до почетокот на СП. Самиот пласман е успех, но секако ќе се бориме за пласман во вториот круг“, вели Лазаров.