Иако многумина сметаат дека вчера својот последен меч во репрезентацијата го одигра и нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров, тој по мечот сепак ја одложи најавуваната ракометна пензија за неколку месеци.
„Кажав уште во изјавите дека сега не е време за пензија и простувања, најважно е Македонија да игра на СП. Мора да ја негуваме традицијата и во тешки моменти да дадеме поддршка. Полека излегуваме на површина и градиме нова репрезентација затоа што народот и Македонија ја сака и ја почитува оваа ракометна селекција. Мислам дека, 90% ќе ме гледате во тренерка на следното СП. Ја продолжив кариерата на уште една година поради ковидот и поради Македонија. Благодарност до целта јавност, благодарност до оваа феноменална публика, благодарност и до сите критичари и поддржувачи“, изјави најдобриот македонски ракометар.