Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „На СП дојдовме по една победа и веруваме дека можеме да дојдеме до неа“
    Ракомет

    Лазаров: „На СП дојдовме по една победа и веруваме дека можеме да дојдеме до неа“

    risteBy riste15/01/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија е поразена и во вториот натпревар на СП во Полска и Шведска,денеска во Краков,Холандија беше пресилна за нашата репрезентација и славеше со убедливи 24:34.

    Селекторот Кире Лазаров по натпреварот на прес-конференцијата потенцираше дека заслужено загубивме, но дека резултатот е превисок во однос на она како игравме и дека останува да одиграме добро против Аргентина.

    „Холандија заслужи да победи и честитки за селекторот и ракометарите. Не сум задоволен како игравме на двата натпревари, иако знаеме дека противниците се подобри од нас. Направивме целосна промена на генерацијата и стилот на игра, но ќе сториме што можеме да се мобилизираме и да се обидеме да ја победиме Аргентина. Мора многу да зборуваме каде грешиме, да одмориме и добро да се подготвиме за натопреварот против Аргентина. Дојдовме тука по една победа и уште веруваме во неа. Мора да научиме многу од овој пораз. Холандија е поквалитетен противник од нас, но не за цели десет гола разлика. Мора да играме поколективно, а не како што денес игравме. Во еден период имавме -4 (18:22), за во 1 минута да примиме 3 гола и противникот повторно да се одлепи и да дојде до +10 во 55 минута од натпреварот. Може да се победи против поквалитетен тим, но мора да се покаже карактер. Вечерва го немавме тој квалитет. Имаме млади ракометари кои првпат играат на ваков турнир. Тој недостаток се чувствува во нашата игра. Атмосферата во екипата е добра, но очигледно дека не е така на теренот и ќе треба да работиме на тоа. За овие млади играчи е важно да одиграат уште три квалитетни натпревари со Германија, Србија и Катар, затоа ќе се обидеме да победиме во вторник против Аргентина“, рече Лазаров.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011

    29/01/2023

    Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023

    29/01/2023

    Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП

    29/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011
    • Ивановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Тунис
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.