Македонската ракометна репрезентација со предност од 8 гола попладнево и гостува на Романија во реванш во плејофот за пласман на СП 2023.
Дуелот во Букурешт започнува од 17 часот, а нашите ракометари оптимистички гледаат на новата пресметка, само два дена по онаа во Скопје. Селекторот Кирил Лазаров очекува агресивна Романија.
„Важно е да го издржиме првиот налет на Романија, ќе биде спортски тензично на првите 15 минути, мислам дека Романците ќе тргнат на „јуриш“. Треба да го издржиме тој прв напад, подготвени сме за тоа, и ако успееме, можеме да да го контролираме цел натпревар“, вели Лазаров.