Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денеска го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари против репрезентацијата на Португалија во рамките на втората фаза од квалификациите за ЕП 2024.
На списокот се најдоа 22. ракометари, меѓу кои и повратникот, средниот бек на Е. Пелистер, Марио Танкоски.
Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024. Сениорите во рамките на ЕХФ неделата ќе одиграат квалификациски натпревари против селекцијата на Португалија на 9 март со почеток во 19:00 часот на домашен терен и три дена подоцна на гости во Порто.