Во Краков нашата репрезентација денеска ќе ја има премиерата на ова СП и тоа против еден од најсилните состави кандидати за медал, селекцијата на Норвешка. Селекторот Кире Лазаров пред новинарите зборуваше за очекувањата од првиот меч.
„Ние сме подготвени за цело Светско првенство. Ова е еден меч со репрезентација за која не треба многу да се зборува. Норвешка во 2017 и 2019 играше финале на СП, а и овде ќе атакуваат на златото. Во спортот треба да веруваш и во невозможното. Денеска сме во таква позиција. Нема што да загубиме, туку може само да добиеме. Нема да се штедиме воопшто, ќе тргнеме да играме и да видиме до каде можеме“, потенцира Лазаров.