Селекторот на сениорската репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денес го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата во месец ноември. Нашата ракометна репрезентација ќе го искористи овој репрезентативен прозорец како подготовка за Европското првенство кое се игра во јануари 2022 година.
На 5ти и 6-ти ноември, Македонија ќе гостува во Каиро кај Египет за пријателски двомеч. Селекторот ќе прави проверка на силите за ЕП, па поради тоа на списокот се најдоа 22 првотимци и десет резервни играчи.
Список на повикани играчи:
Голмани: Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Вардар), Градимир Чаневски (Бутел)
Крила: Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2), Бојан Маџовски (Еурофарм Пелистер), Гоце Георгиевски (Вардар), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер)
Кружни напаѓачи: Стојанче Стоилов (Вардар), Жарко Пешевски (Штутгарт), Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер)
Бекови: Филип Талески (Вардар), Филип Кузмановски (Хановер), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2), Михајло Младеновиќ (Охрид), Филип Миркуловски (Вецлар), Марко Мишевски (Вардар), Игор Ѓоргиев (Алкалоид), Томислав Јагуриновски (Тор Акурејри), Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер), Марко Митев (Бутел), Кристијан Симоновски (Алкалоид)
Покрај 22-цата ракометари, Лазаров се реши за тренинзите да повика и десет резерви.
Резервните играчи за ноемвриските дуели:
Тоше Ончев (Тримо Требње), Дарко Димитриевски (Емсдетен), Горан Крстевски (Фоцсани), Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2), Михаил Аларов (Пролет), Костадин Петров (Металург), Мартин Поповски (Амичитиа), Дарко Кондев (Тиквеш), Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер).
Собирот на репрезентацијата е закажан за 31 октомври, во 14:00 часот во хотелот „Александар Палас“, по што ќе започне тренажниот процес под водство на Кире Лазаров.


