Македонската ракометна репрезентација утрово замина за Португалија, каде утре во 18:30 часот го игра реваншот со оваа селекција во рамките на квалификациите за ЕП 2024 година.
Селекторот, Кирил Лазаров за оваа средба поведе 18 ракометари меѓу кои не се најдоа Марко Кизиќ и Ален Ќосевски. Двајцата играчи не беа на списокот и за првата средба во Скопје.
Ова е составот со кој Македонија ќе се обиде да ја изненаду Португалија на реваншот: Митревски, Велковски, Ц.Кузманоски, Ѓорѓиев, Митев, Томовски, Маркоски, Кузмановски, Костески, Јагуриноски, Џонов, Стојковиќ, Пе.Атанасијевиќ, Серафимов, Петров, Мишевски, Младеновиќ и Аларов.