Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18:30 часот ќе го одигра вториот дуел против Португалија во овој циклус на квалификации за Европското првенство 2024.
Селекторот Кирил Лазаров за оваа средба одбра 18 ракометари, а во пресрет на дуелот се реши да направи две измени во составот во однос на претходното соочување во Скопје. Шанса вечерва ќе добијат Михајло Младеновиќ и Михаил Аларов, кои ќе ги заземат местата на Цветан Кузманоски и Марко Мишевски.