Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Со многу технички грешки не можевме да се надигруваме со Норвешка“
    Ракомет

    Лазаров: „Со многу технички грешки не можевме да се надигруваме со Норвешка“

    risteBy riste13/01/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија го загуби првиот натпревар на СП во Полска и Шведска, а селекторот Кире Лазаров по натпреварот,најнапред им честиташе на противниците, а потоа ја кажа и причината за убедливиот пораз од 39:27.

    „Честитки за Норвежаните, заслужено победија и беа подобри од нас. Бевме добри дваесет минути во првото полувреме, но невозможно е да се игра шеесет минути на тоа ниво против една селекција која ја сметам за една од четирите најдобри на светот. Кога ќе направите 17 технички грешки во напад , тоа се 17 контранапади за противникот и нема помош. Тоа е причината што загубивме со дванаесет разлика. Бевме добри дваесет минути, а и во вториот дел ги изненадивме со играта „седум на шест“. Сепак, во пет минути грешките донесоа лесни голови за противникот, можевме да загубиме со 7, но еве загубивме со 12 голови разлика. Беше невозможна мисија да се вратиме во мечот, но ќе се подготвиме подобро за следните натпревари и ќе се обидеме да победиме против следните два противници. Ни следи Холандија која е моќна, но не е како оваа селекција на Норвешка. Што се однесува до Томи Јагуриновски, од медицинскиот тим добив инфомација дека е скочниот зглоб во прашање и имаше удар, но добро е што може да гази на ногата. Се работи за десната скочна нога, но Томи е голем борец и се надевам дека ќе биде добро за да ни помогне на следните натпревари“, изјави Кире Лазаров по натпреварот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА

    03/02/2023

    Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого

    03/02/2023

    Одредени групите во женскиот ракометен Куп на Македонија

    01/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.