Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари за бараж мечот против Романија за место на СП 2023 година.
Првата средба се игра во Скопје на 17. овој месец, додека два дена подоцна е закажан реваншот, кој се игра во Букурешт. Доколку Македонија го добие овој бараж со Романија, последна пречка до нов Мундуал ќе биде Чешка.