Меџик Џонсон, претседателот на кошаркарскиот состав од НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс, изјави, дека не се плаши од шампионот Голден Стејт. Легендарниот бек на „езерџиите“ во гостувањето во емисијата на Џими Кемпл, проговори како за дуелите со воините кои во две последователни години ја обезбедија титулата така и за привлекување на Леброн Џејмс.
„Сите сме свесни за големиот предизвик. Очекувањата се дека Голден Стејт ќе победи повторно, но, јас би сакал да играме со нив во финалето на Западот. Јас имам натпреварувачки дух и не се плашам од нив. Знам дека имаме солиден тим со играчи кои се победници “, рече Џонсон кој се осврна и на ангажманот на Леброн Џејмс.
Според него, активирањето на „кралот“ во редовите на Лејкерси само ќе го подигне квалитетот и рејтингот на екипата.