Кавај Ленар и Пол Џорџ беа официјално претставени како нови играчи во кошаркарскиот состав Л.А. Клиперс. На нивната промоција Ленард имаше можност да објасни зошто ги одбрал токму „Клиперси“.
„Во НБА играм осум години а моето семејство го гледам практично само по три месеци во текот на летото. Сега ќе може и тоа да доаѓа на моите мечеви. Бев многу близу до потпис со Лејкерси, но, завршив на другата страна“ – вели Ленар. Џорџ пак, беше краток пред новинарите.
„Како дете бев навивач на Клиперс и за мене е остварување на сонот да играм за нив. Тоа е шанса која не се пропушта“ – нагласи новиот член на „Клиперси“.